
Одбојкарите на Штип УГД ја продолжуваа фантастичната форма и нижат победи, а како играат речиси и сигурно одат по двојната круна. Штипјани го добија „универзитетското соочување“ откако на гостински терен со убедливи 0-3 во сетови славеа над Универзитет во Тетово.
Низ сите три сета екипата на Кристиан Ристески доминираше откако првиот сет заврши со 8:25, вториот и третиот сет со идентичи 13:25.
Сушево успеа на гостински терен да го совлада Работнички со резултат од 1-3 во сетови. Во првиот сет скопскиот тим беше подобар со убедливи 25:13, а потоа наредните три сета му припаднаа на гостинскиот тим. 25:27 во вториот сет за 1-1, а потоа славје на Сушево со 24:26 и 14:25 за конечни 1-3 во сетови.
Петтото коло од плеј-офот на Првата одбојкарска лига се комплетира вечерва со натпреварот во Велес меѓу Борец и шампионот Струмица.
Во плеј-аутот беа одиграни трите натпревари во 5. коло, но за разлика од претходното коло сега неизвесноста беше далеку поголема. Македонија Џио со 3-1 во сетови ја доби Јанта Волеј. 25.21 беше резултатот во првиот сет, а во вториот 26:28 за 1-1 во сетови. Во третиот сет домашниот тим беше подобар со 26:24, а во четвртиот со 25:10 за победа со 3-1 во сетови.
Екипата на Шкендија славеше убедлива победа на гостувањето кај Весна Пробиштип со 0-3 во сетови. Во првиот и вториот сет домаќинот не пружи доволно отпот, па Шкендија беше подобра во двата сета со 11:25, а пак во третиот сет со 21:25 за убедлива победа.
Натпреварот меѓу Скопје и Лирија се решаваше во пет сета за гостинска победа со 2-3 во сетови.
Првиот сет му припадна на гостинот со 22:25, а вториот на домашниот тим со 25:23 за 1-1 во сетови. Во третиот сет домашниот тим беше подобар со 25:22 и направи пресврт за водство од 2-1 во сетови.
Следните два сета ги доби гостинот со 22:25 во четвртиот сет и 9:15 во петтиот за конечни 2-3 во сетови.
Александар Ванев, М-Нет