Никако да се намалат цените во маркетите, трговците мудруваат – тврдат штипјани

Никако да се намалат цените во маркетите, тврдат граѓаните на Штип. Велат при крај на февруари, примањата се речиси потрошени. Иако се штеди секој ден и се купува само основното, сепак пари на страна никако да се тргнат. Пари за во продавница или за во апетки, а за сметки, дополнителна грижа, додаваат анкетираните на терен. Велат добро е оти февруари остнаува најкраткиот месец во годината.

Инаку, според најавите од Влада, пензионерите до април се очекува да добијат дополнително зголемување на пензиите за уште 1000 денари. Претходно во октомври, тие добија уште 1000, што значи дека до април тие ќе имаат вкупно 2000 денари зголемување на пензиите. Исто така и минатата година имаа покачување два пати по 2,500 денари. Иако има зголемување на пензиите, пензионерите велат високите цени во маркетите, но и сметките за струја се одраз за ваквата ситуација.

Иван Митев, М-Нет