
Штипјани гласаат од рано утрово – решителни и одлучни. Очекувајќи фер и демократски изборен ден, тие ја покажуваат својата свест и одговорност. Гласањето се одвива мирно, без пријавени проблеми, а на избирачките места владее спокој и доверба.
Граѓаните со надеж гледаат кон новиот градоначалник, очекувајќи реални проекти, повеќе инвестиции и динамичен развој на градот.
Анкетираните граѓани упатија апел до сите што сè уште не гласаа да излезат и да го искористат своето право. Гласањето трае до 19 часот.
Иван Митев, М-Нет