
До 12 часот во штипската населба Сењак своето право на глас го искористиле околу 15 проценти од запишаните гласачи. Според информации од избирачките одбори, гласањето таму се одвива мирно, без пријавени неправилности.
Граѓаните излегуваат во постојан тек, а од избирачките места велат дека се очекува поголема излезност во попладневните часови.
Со 210 гласачи до 12 часот е и излезеноста во приградстката населва Три чешми. Од таму претседателт Трајко Јолев од избирачкото место 2284, потенцираше дека и кај нив ситуацијата е во ред и се се одвива според планираното.
Според последните информации на државата изборна комисија, до 13 часот излезеноста во Штип изнесува 24,23 проценти, бројка идентична како и во Општина Македонска Каменица. Со нешто помалку е ситуацијата во Кочани каде излезеност до 13 часот има 20,13 проценти. Повисок процент е забележано во Берово каде таму има 26,,03 проценти, а слична е и ситуацијата во Делчево каде излезеноста е 25,3 проценти. Виница до 13 часот има 21,44 проценти, додека Општината пробиштип 32, 78 проценти излезеност. Општина Карбинци има излезеноста 22,37 проценти.
Иван Митев, М-Нет