Штипјанец со бугарско возило на увид приложил сообраќајна дозвола и регистарски таблички од друго патничко возило

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.К.(35) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”. Пријавениот, на 15.09.2022 на Граничен премин Табановце додека управувал патничко возило со бугарски национални ознаки, на полициските службеници на увид приложил сообраќајна дозвола и регистарски таблички издадени за друго патничко возило.