Мицевски опериран, Вардар без капитенот ќе се бори за Прва лига

Вардар до крајот на сезоната ќе треба да води борба за промоција во Првата македонска фудбалска лига без капитенот и најдобар фудбалер, Дарко Мицевски.

Фудбалерот за врска има сериозна повреда на зглобот, поради која вчера подлегна на оперативен зафат.

Сè уште не е познато колкав ќе биде периодот на рехабилитацијата, но се очекува Мицевски на фудбалските терени да се врати следната сезона. Мицевски се повреди на мечот со Охрид, одигран во саботата, а на кој „вардарци“ славеа минимална победа со 0:1.

„Капитенот Дарко Мицевски по успешната хируршка интервенција се чувствува одлично, се заблагодарува на поддршката и им порачува на сите навивачи на Вардар да останат сплотени и во што поголем број да бидат покрај својот тим, сега кога се најпотребни. На крајот сите заедно ќе се радуваме“, велат од клубот.