
На 02.07.2022 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.О.М.(23) од Штип и С.К.(23) со живеалиште во Германија затоа што во 23.40 часот во угостителски објект на бул.„Партизански одреди“ физички го нападнале сопственикот И.С.(47) од Скопје и оштетиле дел од инвентарот. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.