Штипјанец испукал еден истрел кон кучиња во населба „Суитлак“

На 17.02.2022, од полициски службеници на СВР Штип бил извршен службен разговор со М.С.(46) од Штип затоа што во периодот од 16.00 до 16.30 часот на место викано „Суитлак“ во Штип со пушка испукал еден истрел кон кучињата на Р.Р.(62) од Штип, при што погодил едно од нив. По комплетирање на случајот против М.С. ќе биде поднесена соодвтена пријава.