
Љупче Михајлов од КК Штип и член на македонската карате репрезентација ќе се бори за бронзен медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Прага-Чешка.
Михајлов на денешните настапи на Европското првенство извојува четири победи против Махмуд Алмал, Бенце Силаџи, Андреас Ниц и Мераб Сурманидѕе.
Штипјанецот Љупче Михајлов засега го постигна најголемиот успех на Европското првенство во Прага.
На Европското првенство кој се одржува овој викенд настапуваат 1084 натпреварувачи од 48 држави.