Второ и трето место во БиХ за Џиу џицу натпреварувачите од клубот Осенсеи од Штип

На меѓународниот турнир “Трофеј Јахорина” кој овој викенд се одржува во Босна и Херцеговина,штипските натпреварувачи од Џиу џицу клубот Осенсеи постигнаа одлични резултати. Јован Николиски кој се натпреваруваше во категоријата до 24 кг, го освои второто место, додека Димитри Радев во категорија до 34 килограми трето место но исто така беше прогласен за најперспективен натпреварувач на турнирот. Третиот натпреварувач Наум Грпов иако покажа голема борбеност за жал остана без медал.
Сите членови се натпреваруваа во категорија до 12 години.
По меѓународниот турнир во БиХ џиу џицу клубот Осенсеи ќе се подготвува за претстојното Балканско првенство во септември.