
Младиот штипјанец Стефан Ѓоргиев се закини со три златни медали со учество на државниот натпервар во бодибилдинг, наречен Денис Волф Класик во три категории и златен медал за најдобро позирање во слободен стил.
Ѓоргиев кој има 21 година со овој спорт започнал да се занимава од седум и пол годишна возраст, во домашни услови гледајќи видеа од интернет. Ѓоргиев на последниот државен натпревар освои четири златни медали, што е голем успех за 21-годишниот штипјанец. Ѓоргиев за телевизија М Нет зборуваше и за неговите подготовки пред натпревар и режимот на исхрана.
Штипјанецот зборуваше и за неговите најголеми успеси кои ги има постигнато во својата кариера. Пред Ѓоргиев следува важен натпревар кој што е дел од квалификациите за Светско првенство. Младиот спортист е посвентен на овој спорт, а неговата цел е златен медал од Светско првенство.
Александар Ванев, М-Нет