
Пливачот Методи Георгиев од Штип ќе настапи на Меѓународен пливачки митинг во Бања Лука, Босна и Херцеговина.
На митингот ќе настапат повеќе од 250 пливачи од Босна и Херцеговина, Азербејџан, Унгарија, Словенија, Германија, Турција, Србија и Македонија. Интересно е тоа што од Македонија единствен претставеник е Методи Георгиев.
Штипјанецот кој е доста успешен млад пливач ќе настапи во дисциплините слободно и делфин, а претхдоно како што веќе објави телевизија М Нет, Георгиев на „Сандански Куп“ во Бугарија освои златен и сребрен медал.
Меѓународниот пливачки митинг во Бања Лука се одржува два дена односно на 29. и 30. јуни.
Александар Ванев, М-Нет