
Третолигашот Шкендија од Арачиново и во новата сезона од Трета лига – Север ќе влезе со високи амбиции, односно ќе го напаѓа првото место и со тоа да го освои баражот за влез во Втората македонска фудбалска лига.
Минатата сезона Шкендија од Арачиново заврши на второто место со еден бод помалку од шампионот Куманово, кој пак загуби во баражот од второлигашот Победа, која остана во Втората лига.
Шкендија го претстави и првото засилување за новата сезона, станува збор за Борјан Тодоровски кој доаѓа од екипата на Аеродром.
26-годишникот ги има поминато младинските категории на Вардар, потоа насташуваше една полусезона за Локомотива Бентоекспорт, а исто така една полусезона беше дел и од некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ.
Тодоровски дресот на Аеродром го носи од октовмри 2020 година, а сега го облекува дресот на Шкендија Арачиново.
„Ветувањето на Борјан Тодоровски беше дека ќе даде максимум во неговите настапи за да ги израдува навивачите на Шкендија и да ги оствариме целите за освојување на шампионската титула и промоција во Втората лига“, велат од клубот.
Трета лига – Север е најголем регион во кој конкуренцијата е најголема во однос на останатите четири третолигашки региони.
Александар Ванев, М-Нет