
Во недела се играат натпреварите од 18. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, а оваа рунда го носи и големото директно дерби помеѓу Новаци и Кораб. Одлучувачки меч за пласман во баражот кој води во Втората македонска фудбалска лига.
Новаци на домашен терен ќе игра директна дерби пресметка со ланскиот второлигаш Кораб од Дебар, а правдата на овој меч ќе ја дели судија со прволигашко искуство односно Крумислав Ѓоргиев од Штип, додека пак негови помошници ќе бидат Андреј Ќамилов и Роберт Црвенов од Велес, а пак Боби Величков од Велес ќе биде четврт судија на мечот.
Дека оваа дерби е од голема важност околу евентуалниот патник во баражот, говори фактот што е делегиран судија со прволигашко искуство и тоа од Штип.
Кораб е на врвот од табелата со 39 бодови, додека пак Новаци е втор со 37 бодови. Овие две екипи ќе ја водат тесната и тешка борба на пет кола до крајот од сезоната. Триумф за Кораб ќе значи и сигурен бараж за Втора лига, додека пак триумф за Новаци ќе значи дека на останатите четири натпревари неизвесната борба ќе продолжи, бидејќи во таков случај Новаци ќе биде прв, но само со бод повеќе. Доколку исходот е реми тогаш нема да има промени во врвот од табелата.