Штипјанецот Василевски со победа во Тетово, се подготвува за натпреварот во Штип

Младиот Влатко Василевски од Штип со победа се врати од првото коло од Првата младинска лига во бокс, која викендов се одржа во Тетово. Во саботата на 6 мај кога впрочем и започна лигата Василевски издвои победа над боксерот Филип Димитров во категорија до 75 килограми.

На првата Младинска лига во бокс на програмата имеше 14 борби.

Василевски е член на клубот Баргала и продолжува со подготвоките за второто коло кое е закажно за 13 мај овој викенд во Штип.