
Воска Спорт продолжува со засилувањата за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Најново засилување во редовите на дебинантот во Првата лига е Бобан Горгиев кој е деветто засилување.
26-годишниот штипјанец во Воска Спорт доаѓа од редовите на босанскиот тим Леотар. Офанзивецот кој претходно настапуваше и за екипите на Брегалница, Силекс и Металург во Македонија, Борац Бања Лука во БиХ, како и Радник во Србија, ќе биде ново име во нападот на охридскиот прволигаш.
Воска Спорт досега промовираше осум засилувања, дел од нив имаат големо прволигашко искуство, а пред промоцијата на Георгиев, Воска Спорт ги промовираше Исмаили, Шаркоски, Стијеповиќ, Марушиќ, Мустафа, Исени, Керим и Хани.