
Синоќа беа одиграни последните два натпревари од осминафиналето со што се познати сите екипи кои патуваат во четвртфиналето од турнирот во мал фудбал “Петровден”, кој се игра во Мешеишта.
Синоќа во првиот меч екипата на Др. Баткоски со убедливи 4:0 против БЗ Груп Ложани се пласираше во следната фаза. Во вториот меч на кој паднаа осум погодоци екипата на Пекара Лихнида загуби од Камионски Делови Бос со конечни 3:6.
Распоред на натпревари елиминациона фаза турнирот во мал фудбал “Петровден” Мешеишта – 1/4финални натпревари:
Сабота 08.07.2023
21:00 БЗ Груп Враништа – Ресторан Станица Викса Пром
22:00 Вабко Сервис Џуте – Тороман Мешеишта
Недела 09.07.2023
21:00 АСП Пак – Камионски делови Босс
22:00 Кафе Бар 9 – Др. Баткоски
Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.