СВР Штип поднесе кривична пријава против две момчиња од Штип поради продажба на марихуана

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ф.(19) и Н.А.(20), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.10.2020 во 21.25 часот, на клучка Север од автопатот Скопје-Штип, пред влез во Свети Николе, при извршена контрола од страна на полициски службеници на патничко возило „голф 4“, управувано од А.Ф., каде совозач бил Н.А., била пронајдена марихуана. Притоа, пријавените изјавиле дека марихуаната ја набавиле за понатамошна продажба.