Штипското текстилно училиште за првпат со дуална паралелка, организиран отворен ден

Во штипското текстилно училиште за првпат отворена дуална паралелка. Целта на ваквите паралелки е да се обучат стручни кадри за работа, кои освен теоријата, ќе учат и пракса. Заменик министерот за образование и наука истакна дека потребата за вакви паралелки е огромна, а министерството и финансиски ги стимулира учениците.

На денешниот настан учениците на креативен начин, преку модна ревија им ги претставија можностите кои ги нуди училиштето. Како што вели директорката Варадиновска, отворените денови се со цел да се привлечат што повеќе ученици да се одлучат за текстилното училиште и воопшто за стручно образование.

Соработката со бизнис секторот е од огромно значење за училиштата, но истовремено обезбедува добра пракса за учениците. Проектот „Учи паметно работи стручно“ ги промовира дуалните паралелки веќе две години и дава значајни резултати.

Ребека Спасова М-Нет