Поради пандемијата и затворањето на границите се одложуваше патувањето на мечето Теди од ЗОО паркот во Штип. Три годишното мече скоро целиот живот го мина во кафез од 15 тина метри квадратни. По иницијатива на Тина од Скопската зоолошка градина која го водела целиот процес биле исконтактирани 4paws, најдобрата светска организација за заштита на животните која помогна за Теди да замине на подобро место тоа денеска отпатува за Бугарија во резерватот „Паркот на танцувачките мечки“ во општина белица.

За обезбедување на подобри услови за мечето неколку субјекти : „Четири шепи“ Агенцијата за храна и ветеринарство, надлежните министерства, штипската локална самоуправа, фондацијата „Брижит Бардо “ во чиј резерват во Бугарија ќе продолжи животот на ова мече. Станува збор за резерват од 150 илјади метри квадратни каде живеат и други мечиња кои се на ресоцијализација. Ова мече е во Штип од октомври 2017 година како донација на доктор Јовица Угриновски кој со оперативен зафат го спаси Теди од сигурна смрт. Додека Теди престојуваше во штипскиот зоо парк доктор Угриновски донираше храна за него но поради тесниот простор во кој престојуваше тоа често беше со повреди на телото и е анксиозно.