
По едно неделна пауза фудбалските второлигаши од групата Исток продолжуваат со првенствените возбудувања. Комбинирано во сабота и недела ќе се одиграат натпреварите од редовното 10 коло. Екипата на Брегалница мечот со Каменица Саса ќе го одигра во сабота поради репрезентативните обврски на Кристијан Ацковски и Давид Денковски. Од овој натпревар Мнет ТВ во соработка со ФФМ ќе врши директен пренос со почеток во 13.30 ч. Веќе се делегирани и официјалните лиза : главен судија на „градски“ во Штип ќе биде Игор Иванов, прв асистент ќе биде Роберт Црвенов, втор асистент Алeксандар Ајдаров и четврти судија ќе биде Никола Иванов сите од Велес. За Контролор е делегиран Сашко Ангелов од Кочани а Делегат ќе биде Тихо Чурлинов од Гевгелија. До назначување на нов Шеф на Стручниот штаб, тимот на Брегалница ќе ја предводи Александар Танчески. Еве ги комплетните парови за ова 10 коло:

Драги Герасимов – Пушка Mnet .mk