Штипски Текстилец на тешко гостување кај Младост во Богданци, Овче Поле како фаворит го пречекува Шампион

Ракометарите на Текстилец од Штип во рамки на 22. коло ги очекува тешко гостување во Богданци, каде ќе се соочат против фаворитот Младост. Меч каде домаќинот оди по својата 19-та победа и би требало Младост лесно да ја потврди својата фаворитска улога со сигурна победа.

Во рамки на оваа коло лидерот Мулти Есенс во Автокоманда како фаворит го пречекува тимот на Јехоан, додека пак во Свети Николе фаворитот Овче Поле ќе игра против Шампион.

Скопско дерби ќе играат Македонија ЃП и Аеродром, додека пак Вардар Неготино на домашен терен ќе има лесна задача против Преспа. Драчево Јуниор ќе добие службени бодови од Кичево, тим кој беше исфрлен од натпреварување.

На врвот од табелата израмнети се екипите на Мулти Есенс и Младост од Богданци со по 36 бодови, а „кикс“ на една екипа до крајот може да направи промени.

Александар Ванев, М-Нет