
Еурофарм Пелистер ја освои Автокоманда откако славеше во дербито со Алкалоид со резултат од 33:35 преку џиновски пресврт откако битолачни имаат негатива од осум разлика при 25:17.
До 20-тата минута од средбата имаше често менување на резултатот, а потоа тимот на Кирил Лазаров влезе во серија стигајќи до 22:16 на полувреме.
Во вториот дел Алкалоид ги имаше највисоките плус осум на 25:17 во 34. минута, а потоа таа предност започна да се топи откако Пелистер стигна до 29:29 на десет минути до крајот. Самиот финиш беше неизвесен, а на крајот со плус два разлика од конечни 33:35 бодовите заминаа во Битола.
Дамјан Митев со седум гола беше прво име кај Алкалоид, го следеше Ненад Костески со шест погодоци и Марко Митев со четири, додека пак кај Еурофарм Пелистер со седум гола прво име беше Дејан Манасков, а шест имаше Филип Кузмановски.
На врвот од табелата во плеј-офот е Вардар со 52 бодови, втор е Охрид со 44 колку што има и Пелистер кој е трет. Алкалоид останува четврти со 40 бодови, Тиквеш е петти со 24 бодови, а пак Бутел е последен со 22 бодови.
Ваквите резултати веќе ја враќат титулата во витрините на Вардар, кој има перфектна сезона.
Александар Ванев, М-Нет