Штипски Мал Ајакс со тежок предизвик против големиот фаворит Проект за прв позитивен резултат, Кеги Моби против Бутел!

ФОТО: КМФ Мал Ајакс

Штипскиот прволигаш Мал Ајакс по три кола на стартот од новата сезона во Првата футсал лига нема позитивен резултат односно има три порази од три натпревари, а овој викенд пред штипјани е нов предзвик – соочување со големиот фаворит Проект на домашен терен.

Проект има фантастичен старт со три од три и цели кон титула во прволигашкото друштво, а од друга страна штипјани влегуваат во резултатска криза со тоа што имаат три порази од толку натпревари, а во недела во спортската сала „Коле Нехтенин“ Мал Ајакс ќе бара прв позитивен резултат против Проект.

Екипата на Кеги Моби на домашен терен ќе се соочи со Бутел, тоа ќе биде неизвесно соочување, каде домаќинот сака продолжува на победничката форма, против Бутел кој во Велес ќе се обиде да дојде до целиот „плен“.

Во Куманово реприза на ланскиот финале од Купот на Македонија – шампионот Форца ќе игра против Осогово, каде шампионот ќе биде голем фаворит за нов триумф во однос на гостинот од Крива Паланка, кој новата сезона не ја отвори според посакуваното.

Неизвесен дуел за трите бодови ќе има меѓу Јувентус Серава и Шкупи, а пак дебитантот Балкан на домашен терен ќе се соочи со екипата на клими од Кавадарци.

Александар Ванев, М-Нет