Кошаркарите на Винеам на домашен терен во Виница против Конзули ќе бараат продолжување на максималниот ефект!

Кошаркарите на Винеам утре на домашен терен ќе се соочат со Конзули во рамки на 4. коло на Аматерската кошаркарска лига, во кое лидерот од Виница ќе бара продолжување на својот максимален скор односно ќе бараат четири од четири.

Винеам е фаворит против гостинот од Битола, кој ќе сака на тешкиот терен во Виница да биде првиот тим кој ќе ја запре победничката низа на лидерот.

Натпреварот меѓу Винеам и Конзули се игра утре, сабота во Виница со почеток од 17 часот.

Останатите три натпревари се играат во недела. ИБА Баскет и Шап Планина ги очекува неизвесно соочување, во Битола ќе се игра дерби од дното за прв триумф на Хераклеа и Чаир, а пак Гевгелија како фаворит на домашен терен ќе игра против Дибра Иглс од Дебар.

Александар Ванев, М-Нет