
Зелка, праз и тиква – граѓаните во Кочани иако во помал број споредбено со претходните пазарни четвртоци, излегоа да ги купат основните неопходни производи. Дел од нив велат скапо е, но мора да се купи и да се јаде. Проблем се ниските примања, а не цените на производите на пазарот во Кочани.
За поголем дел од продавачите денешниот пазарен ден беше задоволителен, иако друг дел велат дека побарувачката е слаба. Цените според нив се реални за овој период од годината, но исплатливоста е делумна, Младите не сакаат да работат земјоделие, а повозрасните произведуваат колку се во можност.
„Добар е пазарот, продававме зелка, продадевме ја, сега останаа тикви. Тиквичките се 30 денари, зелката беше 50 денари, балките 40 денари. Луѓето ги купуваат, до Нова година тиквички има“ – велат продавачите.
Производите за туршија се бараа и денеска, а на листата најкупувани производи на пазарот во Кочани се најдоа сезонското овошје, ориз и мед.
Лаура Стојанова М-Нет