
Штипските пензионери се решени од јануари и да работат и да зимаат пензии, а со тоа да си овозможат подостоинствен живот. Иако мислењата се поделени, сепак поголем број анкетирани категорични, мора да се работи и да се издржи слабата економската ситуација. Според последните инофмрации од страна на министерствотот за економија и труд, законот за прв пат се носи во државата, со кој како што велат се очекува да се вработат голем број пензионери, но и студенти. Додаваат дека закон е од голема важност и ќе овозможи овие лица да бидат работно ангажирани во областите земјоделството, угостителството и во услужните дејности. Но, што велат на ова граѓаните?
Пензионерите се подготвени, дел да работат секаде каде има потреба, дури ако треба и да научат нешто ново. Некои с спремни да одат и во странство.
Со воспоставување на законот од 1 јунари, очекувањата во иднина се дека ќе се намали сивата економија, да се вработат многуте невработени, студентие и пензионери, па со тоа да се обезбеди подобри услови и за младите и за возрасните.
Иван Митев, М-Нет