
И Премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска Давкова против приемот на мигранти во државата. Велат информациите дека во државата ќе има мигранти се целосно неточни и нема никаков план за нивно сместување во државата. Како што рекоа, нема да никне ниту еден шатор во кој што ќе бидат сместени мигранти.
,,Јас колку што сум информирана од Британскиот амбасадор, но и од Влада тоа не е точно. Мојот став ќе до кажам. Ако се работи за лица кои што се опасност за Британија, тие се поеднакво поасни и за нас и јас сум против нивен прием. Меѓутоа сега ова што го кажувате резолуција, ама прашањето е за што резулуција.“, истакна Сиљановска Давкова
Премиерот Мицкоски потенцираше дека ваквите теми не биле разговарани, а доколку истите бидат разговарани, ќе бидат целосно одбиени од нивна страна. Вистината е дека се разговарало за борбата против илегалната миграција, нагласи Мицкоски
,,Додека јас сум претседател на оваа Влада нема да никне ниту еден шатор во кои што ќе бидат сместени и леглани мигранти и нема да примиме ниту еден илегален мигранти. Да потенцирам и да кажам јасно и гласно таква тема не е е разговарана. И да се разговара исто така ќе биде одбиено од нашата страна. Што е разговарано, разговарнао е дека ќе се бориме против илегалната миграција.“, рече Мицкоски
Инаку, на информациите дека во државата е можно сметсување на мигранти уште од вчера граѓаните остро реагираат, истакнувајќи дека нема место за нив во државата.
Иван Митев, М-Нет