
Кик бокс клуб Гладијатор Фајт од Штип, овој викенд од 17 до 19 октомври ќе учествува на Меѓународниот турнир „Трофеј Белград“ во Србија со девет натпреварувачи.
Штипскиот клуб предводен од тренерот Шенол Анасов ќе учествува на „Трофеј Белград“ со Антонија Тасева во конкуренција -60 кг, Јован Јанковски -47 кг, Андреја Милошевска -65 кг, Леонтина Миткова -65кг, Петра Долдурова во конкуренција -65кг, Баже Јанев во конкуренција -32кг, Михаил Јанев -28 кг, Димитар Иванов во конкуренција -42 кг и Максим Иванов во конкуренција до -28 килограми.
Сите натпреварувачи на штипскиот клуб ќе настапат во дисциплината кик лајт.
Тренерот Шенол Асанов за М Нет телевизија истакна дека очекува одлични резултати од неговиот тим, кој е максимално подготвен за настап на „Трофеј Белград“ во Србија.
Инаку, државни прваци се Антонија Тасева и Јован Јанковски, а на „Трофеј Белград“ покрај домаќинот Србија, ќе учествуваат и Македонија, Црна Гора, Бугарија и Турција.
Александар Ванев, М-Нет