Штипската полиција го средува хаосот со мотоциклите

Од петокот до денес, во периодот од 20.00 до 02.00 часот  од страна на полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип и Полициската станица од општа надлежност Штип од СВР Штип спроведена е засилена акциска контрола на возачи на мопеди и мотоцикли. Од извршената акциска контрола откриени се вкупно 113 прекршоци од нив: 17 возеле без возачка дозвола – потврда, седум управувале со нерегистрирани мотоцикли, 46 не носеле заштитен шлем, седуммина биле без полиса за осигурување и 33 останати прекршоци. На сите сторители на прекршоците издадени им се прекршочни платни налози и записници за сторен сообраќаен прекршок. Привремено се одземени три мотоцикли без соодветна документација .