Акто фестивал во Штип

Колоритен мурал на ѕидната површина на градскиот стадион во Штип осамна денес. Се работи за мурал кој е дел „Акто“ фестивалот, се уште не е комплетиран, а е во продукција на „Факултет за работи што не се учат“.

Иницијативата за исцртување мурали на јавни простори во рамките на програмата на петнаесеттиот Фестивал за современи уметности „Акто“ има цел на креативен начин да актуелизира теми од интерес и на поединци но и на заедницата како чекор напред кон градење на праведно општество. Освен во Штип „Акто“ фестивалот изработува мурали и во Битола, Прилеп, Велес, Кочани, Гевгелија и Скопје.