
Пригодно одбележан 17 септември – Денот на единицата, Денот на 2 пешадиски баталјон во штипската касарна „Јане Сандански“. Во рамки на прославата се изведоа низа активности, меѓу кои: постројување на припадниците на единиците од гарнизон Штип, оддавање почит на загинатите борци за Македонија и загинатите и починати припадници на армијата, како и соопштување на стимулативни мерки награди и пофалници прогласување на најдобар вод. Командантот на гарнизон, потполковник Стојанче Костов, со пригоден говор се наврати на сите задачи кои претходно ги извела бригадата во полза на својата служба.
„Ситеовие светли датуми од нашата историја имаат огромно значење за нашата држава и нашиот народ, бидејќи тие нè учат како да се справиме со сите предизвици во одредени тешки моменти. Ние припадниците од вториот пешадиски баталјон сме горди што ги продолжуваме традициите на оваа славна бригада. Горди сме и им оддаваме почитна сите борци и херои кои низ годините наназад ги вградија своите копнежи, знаења и животи за слободата на Македонија. Денес, вториот пешадиски баталјоневоенасила достојна за почит. Како деклариран лесен пешадиски баталјон претставува НАТО цел на способност од прв приоритет зза Армијата, дефинирани согласно НАТО целите на способности од 2021 година и претставува јадро за формирање на ЈПБГ, со што докажуваме дека сме сериозен сојузник на кој треба да се верува“, истакна Костов.
На прославата присуствуваа претставници од претпоставените команди, поранешните команданти на единицата. А дополнително, повод за ваквата прослава беше и покажувањето почит кон единицата, со оглед на нивните тековни активности во врска со бегалската криза и елементарните непогоди со кои се справуваа.
„Повеќе од 300 наши припадници учествуваа во гаснењето на пожарите кои се случија неодамна и ја зафатија скоро целата територија на државата. И овој пат, како и многупати досега, веднаш се јавивте на повикот доцна во ноќата, заминавте во опожарените реони, се фативте во костец со пламените јазли и спречивте проширување на пожарите и можноста да бидат опожарени повеќе населени места и имоти на граѓаните. Со личен пример покажавте што значи да се биде херој и да се застане на браникот дури и кога се работи за елементарни непогоди. Затоа, овој ден го посветувамна секој припадник на единицата којјаоправда довербата, го покажа херојството не штедејќи го и својот живот“, додаде потполковикот.
Движењето нанапред, оценето како највисок идеал, е она на што единицата посочи дека ги истакнува. Па од таа причина, потполковникот Костов дополни дека тоа е она што ќе ги мотивира и надградува.
„Верувам дека секој во оваа единица веќе ја има препознаено својата шанса за лично и професионално надградување и стекнување нови знаења и вештини. Само добро обучени, посветени и упорни во извршување на задачите ќе создадеме современ војник кој ќе може да одговори на сите идни предизвици. Нема тајни за успех. Тоа е резултат на добра подготовка, напорна и тимска работа и примена на научените лекции. Тим не е само група луѓе коишто работат заедно, тим е група луѓе кои меѓусебно си беруваат и се надополнуваат. Кога и да правите едно нешто, однесувајте се како сите погледи да се свртени кон вас. Создавањето позитивна перцепција за нас и единицата во целост ќе ни го отвори и олесни патот по кој сме тргнати“, заврши Костов.
Говорот беше завршен со признание за припадниците на единицата, честитки за постигнатите резултати и желби за успех. По завршувањето на официјалниот дел, единиците продефилираа пред присутните.
Во следните 6 месеци ќе следува период на подготовки, обуки и вежби со Армијата на САД, што ќе донесе подобра подготвеност и обученост за претстојното НАТО оценување во месец април наредната година.
Ребека Спасова МНет