Само четири слободни ковид кревети во штипската и кочанската болница

Осум нови приеми и тројца оздравени и испишани пациенти во штипската болница. Направени се 57 амбулантски прегледи, а хоспитализирани 53 пациенти, од кои 43 во модуларната ковид – болница и 10 на Кожното одделение, кое работи како ковид – оддел. Од хоспитализираните, 37 се со потешка клиничка слика и имаат потреба од кислородна поддршка, а 10 се вакцинирани. Слободни места има само во модуларната болница – 3, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во Кочани, пак, хоспитализирани се 17 пациенти, од кои 5 се со потешка клиничка слика и имаат потреба од кислородна поддршка. Примени се двајца нови пациенти, а исто толку и оздравени. Слободно е само едно место на Интерното одделение, кое работи како ковид – оддел, а починати пациенти нема, информира раководителот на ковид – оддел во Кочани, доктор Иле Постолов.

Во Општините од Истокот моментално активни има 570 ковид случаи од кои најголем број во штип односно 222 лица, а најмалку во Пехчево 10 пациенти.

Според информации од Министерство за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.238.106 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 185.450 бројката на оздравени пациенти е 166.099, на починати е 6.367, а бројот на активни случаи изнесува 12.984.

Лаура Стојанова М-Нет