Шпанецот Рубен Гарабаја е нов тренер на шампионот Еурофарм Пелистер – утврдена програмата за подготовки

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер назначи нов тренер, се работи за шпанецот Рубен Гарабаја кој ќе го води битолскиот тим кон одбрана на шампионската титула.

Новиот предводник на Еурофарм Пелистер ја утврди програмата за подготовки, па така првата фаза од подготовките ќе се реализра во Битола, а главната фаза ќе се реализира од 4 август во Златибор.

Таму ќе се бруси формата десет дена и ќе се одиграат првите контролни натпревари. Потоа Еурофарм Пелистер ќе учествува на турнир во Охрид од 19 до 23 август, како и во Скопје од 28 до 31 август.

На 3 септември Еурофарм Пелистер ќе игра против Вардар во Суперкупот на Македонија, а на 6 септември ќе започне новата сезона во Суперлигата.

Новиот тренер на битолскиот тим вели дека одбрал вистинско место со доаѓањето на клупата на македонскиот шампион. Вели дека Еурофарм Пелистер има потенцијал, додава дека со Раул Гонзалез, Роберто Гарсија Парондо и со Давид Дејвис биле соиграчи во Ваљадолид, клуб кој не постои како таков субјект.

Гарабаја додава дека македонското првенство е силно натпреварување, а во Лигата на шампионите додека дека неговото мото е да се оди натпревар по натпревар, но со интенција да се победува на секој од нив.

Шампионот Еурофарм Пелистер новата сезона ја отвара против Бутел Скопје на гостински терен.

Александар Ванев, М-Нет