ДРАМА ДО ПОСЛЕДНА СЕКУНДА: Струга го победи Вардар, Бабунски трагичар во 96. минута!

фото: ФК Вардар

Фудбалерите на Струга ТЛ забележаа минимална, но исклучително важна победа од 1:0 против Вардар во денешниот натпревар од 3.коло на ПМФЛ.
По првото полувреме без голови, двете екипи во вториот дел заиграа поотворено, а одлуката на натпреварот стигна во 61. минута. Малески ја затресе мрежата на Вардар и му донесе водство на домаќинот од 1:0. Вардар се обиде да се врати во натпреварот, но Струга успешно го сочува минималното водство до самиот крај.
Најголемата можност за Вардар да избегне пораз дојде во самиот финиш. Во 90+6. минута беше досуден пенал, но Бабунски не успеа да го реализира ударот од белата точка, па остана 1:0.
Струга со оваа победа освојува три значајни бода, додека Вардар останува со празни раце по драматичната завршница.
Струга – Вардар 1:0 (0:0)
Стрелец: Малески 61′
Промашен пенал: Бабунски 90+6′