
Македонскиот шампион Шкендија триумфираше над ТНС од Велс и се пласираше во второто коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Првиот меч во Влес заврши без погодоци 0:0, а пак во Скопје беа постигнати три гола за конечни 2:1 со што Шкендија е во следното коло, а шампионот на Велс е елимиран.
Во регуларниот дел резултатот беше 1:1, а резултатот го отвори Шкендија, а пак во продолженијата од двапати по 15 миути, на неколку минути пред крајот падна гол со кој Шкендија оди во следна фаза.
Токму во следната фаза Шкендија оди на двомеч со романскиот клуб Стеауа Букурешт. Доколку Шкендија триумфира оди во третото квалификациско коло во Лигата на шампиони, а доколку Шкендија загуби ќе оди во третото коло во Лига Европа, ако и таму загуби тоа ќе значи дека ќе игра во плеј-офот од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.
Шкендија со оваа би инкасирала околу два милиони евра, а ова сума може да се зголеми ако Шкендија стигне далеку во некое од европските натпреварувања.
Првиот натпревар се игра на 22 јули во Скопје, а пак реваншот во Романија е на 29 јули.
Александар Ванев, М-Нет