Шкендија против Карабах ќе игра на 5 август во Скопје – во третото квалификациско коло за ЛШ

ФОТО: ФК Шкендија

Македонскиот шампион Шкендија во третото квалификациско коло за Лигата на шампиони ќе се соочи со Карабах. Тетовскиот клуб потврди дека овој меч ќе се игра на 5 август во Скопје, на арената „Тодор Проески“ со почеток од 20 часот.

Македонскиот шампион прво ќе биде домаќин на тимот од Азербејџан, а пак на 12 август, Шкендија ќе гостува во Баку каде ќе се одигра реваншот со почеток од 18 часот.

Наското се очекува и да бидат пуштени во продажба и билетите за мечот на Шкендија со Карабах.

Шкендија веќе испиша историја со тоа што обезбеди европска есен, сега пред клубот од Тетово е предизвик за Лигата на шампиони, доколку тука биде елиминиран се сели во Лига Европа, а ако и тука не помине, тогаш сигурно е дека Шкендија ќе игра во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА.

Шкендија веќе испиша историја и сигурно ќе игра во групната фаза на европските натпреварувања на УЕФА, нешто што досега му успеа само на Вардар кој играше во групната фаза на Лигата Европа пред осум години.

Александар Ванев, М-Нет