
Од седум годишна возраст Бојан Василевски од Скопје ја негува љубовта кон пчелите. Денеска тој активно се занимава со одгледување пчели и производство на мед. Моментално негговите пчели се наоѓаат на пат кон Берово, бидејќи како што вели природата дава многу и се прави најдобриот и најквалитетен дабов и шумски мед.
„На седумгодишна возраст јас се заљубив во пчелите. А овде се бидејќи планината изобилува со многу добри шуми и од овде се вади дабов и шумски мед. Моментално имам околу 80 пчелни семејства“ – вели Василевски.
Оваа година е најдобра во последните две децении вели Василевски. Тоа се должи на природата, дрвата и условите кои ги нудат планините во Берово, па како што вели ќе има доста квалитетн мед.
„Имаме прво во скопско каде што ги чувам јас, таму вадам една паша ливадска, имам на костен и после тоа тука на даб. Оваа година тие што имаат пчели добри – досега е фантастично. Ваква година сме немале во последните 20 години. Треба да се подоге природата, ние пчеларите зависиме од природа и од Бога.“ – додава Василевски.
Василевски пчелите ги одгледува сам. Вели потребно е многу труд, љубов и посветеност за да се одгледуваат и да може да се поризведе квалитетен мед кој понатаму би се продавал. Работата не е едноставна но, задоволството е огромно.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет