Шкендија е спремна, Арачиново подготвува спектакл: Мега-дерби со Куманово

Утре во 15 часот на теренот на Фортуна се игра мега дерби-пресметката во рамки на 17. коло во Трета лига – Север меѓу Шкендија Арачиново и Куманово.

Синоќа Шкендија Арачиново имаше финален тренинг во ноќен термин пред дербито, а денес ќе има лесен тренинг и состанок за анализи.

Во изјава за телевизија М Нет, Насер Јусифи вели дека екипата е подготвена за дербито, расположението е на високо ниво, а играчите спремни за клучниот меч на сезоната.

“Синоќа имавме тренинг во ноќен термин, расположението кај нашите фудбалери е на високо ниво, сите се подготвени и свесни за важноста на овој меч. Теренот е подготвен, трибината е исчистена и сме подготвени да ги примаме сите љубители на фудбалот и навивачи”, рече Јусуфи за М Нет.

Како што дозмнава М Нет, доколку Шкендија го добие мечот со Куманово ќе следува голема прослава во Арачиново, каде навивачите организирано ќе ги пречекаат фудбалерите на Шкендија.

Главен судија ќе бидр искусниот прволигашки судија Стојанче Трпчевски, а дербито ќе може да го следите на М Нет Спорт со почеток од 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет