Шкендија Арачиново ја декласираше Беса Влазрими, Еуромилк ГЛ го доби Кадино!

Непоразениот лидер Шкендија Арачиново со 8:0 славеше над Беса Влазрими, во рамки на 9. коло од Трета лига – Север. Цаколи постигна два гола, а двапати стрелаше и Ариф, а по еден постигнаа Шаип, Алити, Трпески и Мамути.

Одлична и доминантна игра на лидерот кој сигурно оди кон баражот за Втора лига.

Њу Старс и Башкими Љуботен ги поделија бодовите откако одиграа 3:3. Томовски двапати погоди за домаќинот, а Блажески беше стрелец на еден гол. За гостинскиот тим Авдулаи беше стрелец на три гола.

Аердром со голот на Недељковиќ славеше над Академија Илинден, а пак Куманово загуби од Фортуна со 0:2 со головите на Емини и Мифтар.

БВК Корање и Ржаничино одиграа реми од 3:3 каде за домаќинот стрелци беа Алили, Бишевац и Бакиевски, а за гостинот стрелаа Калач, Бајатовски и Симоновски.

Пчиња дојде до втора радост преку двојниот стрелец Цветковски и головите на Пешевски и Стојчевски над Риниа од 4:1, за која погодија Сума.

Кадино дома загуби од Еуромилк ГЛ со високи и сигурени 1:3 во натпревар каде за Кадино погодија Николовски, а за гостинот АНчевски, Петковски и Богдановски.

Александар Ванев, М-Нет