Пелистер со голот на Ивановски слави голема победа над Вардар!

ФОТО: ФК Пелистер

Пелистер со голот на Мирко Ивановски слави над Вардар минимална, но голема победа од 1:0 на полниот стадион во Битола, „Петар Милошевски“, големото македонско фудбалско дерби кое се играше под рефлектори.

Дерби зачинето со пиротехничко шоу на верните „Чкембари“ и верните „Комити“, дерби каде двете екипи силно ја посакуваа победата со цел враќање на победничкиот пат, на крајот Пелистер предводен од штипскиот стратег Влатко Костов прослави голема победа пред битолската публика и „Чкембари“.

Со 16 бодови на своето конто Пелистер се зацврстува на средината од табелата, а пак Вардар е на дното со само осум бодови.

Историско беше мечот бидејќи се играше под рефлектори, новата трибина беше исполнета до последното седиште, интересот за картите беше голем кој беа распродадени за рекордно време.

Александар Ванев, М-Нет