
Шкендија Арачиново со убедливи 9:0 го декласираше тимот на Башкими Љуботен со што сега тимот од Арачиново има огромна предност и сигурно оди во баражот за Втора лига, во рамки на 15. коло.
Дарио Десниќ, Александар Ѓорѓиески и Мргим Дани постигнаа по два гола, а по еден гол постигнаа Христијан Димов, Фикрет Љиварека и Муаз Саљихи, беа стрелци за Шкендија.
БВК Коњаре и Куманово ремизираа играјќи 3:3, триумф забележа Њу Старс од 2:1 против Кадино, Аеродром и Пчиња одиграа реми од 1:1, а пак Ржаничино беше подобар со 3:0 од Риниа. Академија Илинден со 2:0 забележа победа над Еуромилк ГЛ, а пак Беса од Слупчане со 4:3 беше подобра од Фортуна.
Во однос на табелата Шкендија Арачинво е на врвот со 43, бодови, а Фортуна е втора со 30 бодови.
Во Трета лига – Запад се докомплетира 13. коло со што Влазерими кој со 0:3 го доби Зајази дојде на бод негатива во однос на Тетекс кој е прв, а пак „штофарите“ мечот од оваа рунда го одиграа на 30. ноември минатата година кога со 1:0 ја доби Речица.
Џепчишти на домашен терен со 2:6 беше убедливо декласиран од Камјани, Дрита со 2:1 го доби дуелот со Ренова на теренот во Боговиње. Реми од 0:0 на Доброшти и Љуботен, а пак Вардар Брвеница дома загуби од екс прволигашот Напредок од Кичево.
Во однос на табелата лидер е Тетекс со 32 бодови, а пак Влазерими е втор со 31 бод и овие две екипи ќе водат вистинска борба до крајот за тоа кој да биде шампион и да игра во баражот за Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет