
Тренерска промена во новиот второлигаш Шкендија Арачиново во ек кога се реализира главната фаза од подготовките, а кога тимот треба да ја бруси формата со одигрување на пријателски натпревари.
Шабан Сулиман е минатото во Шкендија Арачиново, а овој млад тренер не дочека ниту да ја води Шкендија н
а официјален натпревар во Втората лига.
Сулиман беше помошник на Еркан Мурсели минатата сезона во Трета лига – Север, а Сулиман дојде како негов наследник, кој ги започна подготовките за Шкендија Арачиново, но не се задржа долго, па сега следува промоција на нов тренер.
Новиот второлигаш Шкендија Арачиново за нов тренер го проовираше искусниот Љупчо Марковски – Калц, поранешен македонски репрезентативец со богата кариера, но и искусен тренер.
Популарниот Калц последно како тренер го водеше Скопје, а претходно, Работнички, Тетекс и академијата на Вардар.
Новиот тренер порача дека е среќен што се приклучува на сериозен клуб како Шкендија, додева дека заедно со раководстовото и играчите ќе работат со максимално посветени за да се подигра клубот на повисоко ниво.
Александар Ванев, М-Нет