Дури 146 камери на 54 локации ќе бидат поставени во Штип

Дури 146 камери за видео надзор на 54 локации ќе бидат поставени во Штип, со цел заштита на јавната инфраструктура, како и заштита на граѓаните. За оваа цел општината ќе инвестира вкупно 10 милиони денари за да се инсталира целата опрема. Како што истакна сектретарот на Општина Штип Вишна Шорова Ангелова, 136 камери ќе имаат стандардна техничка спецификација, додека 10 камери со посилна конфигурација ќе бидат поставени на влезовите во општината за зголемена безбедност и контрола на движењето.

,,Во изминатите четири години Општина Штип доста инвестираше во урбаната инфраструктура и работивме интезивно на подобрување на условите на детските и спортски игралишта, како на јавните површини, така и во основните и средните училишта, мегутоа и детски игралишта. Ги унапредивме условите и на пешачката патека, во моментот се градат два паркови, мегутоа за жал сме сведоци на девијантни појави, со што целата таа инвестиција за мног краток временски период е уништена. Од тие причини со претходната одлука, советот на Општина Штип донесе одлука да се инвестираат 10 милиони денари за инсталирање на опрема. Се предвидени да бидат псотавени 146 камери за видео надзор на територијата на целата општина, при што 136 со една техничка спецификација, додека со псилна се 10 камери. Оние што ќе бидат со појака конфигурација ќе бидат поставени на влезовите на Општина Штип.“, рече Шорова-Агелова

Со овие камери, се планира да бидат опфатени сите основни и средни училишта во Штип, сите градинки, паркови, пешачки зони, додава Шорова Ангелова. Таа рече дека истите ќе бидат следени преку монтероинг центар, кој што ќе биде во просториите на општината, а вкупно шест лица ќе ја следат ситуацијата.

,,Во сите градинки, основни и средни училишта, во сите паркови, ќе бидат псотавени камери. На самата пешачка зона ќе има камери, како и на пешачката паетка. Вкупно на 54 локации на територија на Општина Штип, ќе бидат поставени камерите, кои што ќе бидат следени преку монеторинг центар, кој што ќе биде во просториите на Општина Штип, каде на монитори шест лица ќе ги следат сите промени кои што се случуваат. Овие лица ке добиваат посебни овластувања и сертификати за вршење на оваа работа.“, додава Шорова Ангелова

Инаку, како што се планира, оваа инвестиција се очекува да биде готова до ркајот на годината, со што Штип ќе биде град, кој што ќе биде покриен со видео надзор. На овој начин не само што што ќе се заштитат јавните површини од една страна, туку ќе се зголеми и безбедноста на граѓаните од друга страна.

Иван Митев, М-Нет