Шкендија Арачиново преку Алији го освои Кадино преку пресврт во маестрален меч со СЕДУМ гола!

Денес ќе биде комплетирано 8. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север откако колото беше отворено вчера со два натпревари.

Гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт имаа ексклузивна можност во живо да го дербито меѓу Кадино и Шкендија Арачиново во борбата за трите бодови и прогрес кон врвот од табелата.

На теренот во Кадино гледавме добар фудбал со многу шанси, акции и возбудливи моменти на задоволство на публиката.

Трибините на теренот во Кадино беа исполнети со публика која уживаше во добриот натпревар, интересот за оваа соочување беше голем.

Некогашниот второлигаш Кадино прв го отвори резултатот преку искусниот Марио Благојевски уште во 8. минута од натпреварот за голема радост кај домашната публика. Само десет минути подоцна Кадино ја зголеми предноста на 2:0, откако од слободен удар од околу 20 метри Благојевски го совлада Шкељзен Лимани.

Во 35. минута по нафрлен корнер топката заврши кај Руфар Чалафи кој ја врати топката по земја пред голот на Филип Лазаревски, а истата ја зафати Елмир Алији кој го совлада голманот на Кадино и го намали водството на противникот на 2:1 на полувреме.

Во 61. минута Адем Саиди испрати удар кон голот на Кадино, но топката се удри во еден од домашните фудбалери, а тука најблиску до неа беше Јасир Беќири кој лесно ја смести топката во мрежата на Лазаревски за 2:2.

Ваквиот резултат ја врати неизвесноста на теренот бидејќи Шкендија Арачиново дојде во егал борба за трите бодови. Ваквиот резултат ја врати атмосферата и кај гостински навивачи кои го бодреа својот миленик во дербито за трите бодови.

Во 70. минута од мечот гостите преку Беќири имаа голема шанса за да дојде и до водство, откако Беќири доби топка во казнениот простор, но во обидот за лобирање топката заврши над голот. Веднаш на спротивната страна Кадино имаше своја шанса за ново водство која не ја реализираше.

Во 73. минута една мала деконцентрација во одбрана на Шкендија Арачиново најдобро ја искористи резервистот Томи Станоевски кој го успешно го лобираше голманот Лимани за ново водство на Кадино од 3:2.

Новата предноста на Кадино траеше кратко откако во 80. минута Алији постигна гол за 3:3 и одново ја врати својата Шкендија во игра и за целиот „плен“, а тоа ја врати и радоста кај гостинските навивачи.

Во 82. минута од мечот Дамјан Крстевски се повреди во дуелот со противничкиот фудбал и мораше да го напушти теренот, а во игра влезе младиот Даме Илиевски.

Во 85. минута Боцевски покажа на белата точка за Шкендија Арачиново, откако гостинскиот фудбалер беше срушен во казнениот простор. Одговорноста ја презеде Алији кој биеше во спротивниот агол во голот на Лазаревски за прво и големо водство на Шкендија Арачиново од 3:4. Тоа ја „вжешти“ атмосферата на трибината каде беа сместени гостинските навивачи.

Алији со голот од пенал стигна до хет-трик на натпреварот и практично ја водеше Шкендија Арачиново до многу голема и важна победа.

Важна и голема победа за Шкендија Арачиново со 3:4, победата добива на тежина со оглед на тоа што гостинската екипа имаше негатива од 2:0, потоа се врати во игра откако израмни на 2:2, за одново да губи со 3:2, и со два брзи гола од кој последниот од белата точка да стигне до триумф од 3:4.

Денес ќе бидат одиграни уште четири натпревари со што ќе биде затворено 8. коло. Риниа дома ќе игра со Бутел, „фенерџијата“ ССК Нова ќе игра против фаворитот БВК Коњаре, Беса Влазрими дома ќе се соочи со некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ, а пак Башкими Љуботен ќе биде домаќин на Аеродром.