Шкендија Арачиново прави тим за пласман во Втора лига, подготовките течат според планираното!

Во новата сезона во Трета лига – Север екипата на Шкендија од Арачиново ќе влезе како главен фаворит за првото место и баражот за Втора лига. Клубот промовираше квалитетни засилувања како Љупче Трпески и голманот Бурхан Мустафа кои директно пристигнаа од прволигашот Воска Спорт, тука е и Дарио Десниќ играч со големо прволигашко искуство, а доаѓа од шампионот Куманово, како и Јусуф Алиу од второлигашот Детонит Плачковица.

Шкендија Арачиново на голманската позиција се засили со искусниот голман Бурхан Мустафа.

Искусниот Десниќ во Шкендија Арачиново пристигна од големиот ривал и шампион Куманово, а за Шкендија ова е големо засилување.

Според Десниќ најголеми конкуренти на Шкендија Арачиново за првото место ќе бидат БВК Коњаре и екс прволигашот Еуромилк ГЛ.

Трпески вели дека во секоја лига има конкуренција за првото место и за повисок ранг на натпреварување.

Во новата сезона во Трета лига – Север ќе се натпреваруваат 14 екипи, со што овој регион е најголем во Третата македонска фудбалска лига.

Александар Ванев, М-Нет