
Третолигашот БВК Коњаре ги започна подготовките за новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Север, во која овој тим најавува атак на првото место кое води во баражот за можен влез во Втората македонска фудбалска лига.
Во сезона 2022/2023 БВК Коњаре заврши на второто место зад тогашниот шампион Башкими, во таа сезона овие две екипи ја водеа борбата за првото место, додека пак во минатата сезона БВК Коњаре заврши на 5. место на табелата, но за новата сезона гради тим со кој ќе атакува на првото место.
Како што информираше телевизија М Нет во БВК Коњаре беа промовирани Сами Аљиљи од Башкими, Бесим Мустафи кој е повратник доаѓа од шампионот Куманово, Алајдин Аљиљи доаѓа од Башкими, а беше промовиран и Даути, кој исто така е повратник во БВК Коњаре. Исто така, во БВК Коњаре беа промовирани и Хакан Умер, Фатих Јусуфи, како и Шаип Хисмани, а беше продолжена соработката и со Гзим Бакиу, Ендрит Мехмети, како и со Газменд Али.
Во следниот период се очекува промовиција на нови играчи, а пред промоција во БВК Коњаре е Ринор Есени од шампионот Куманово.
Во новата сезона Шкендија Арачиново е прв фаворит за првото место и баражот за Втората лига, во трката за првото место влегуваат и БВК Коњаре, како и екс прволигашот Еуромилк ГЛ.
Александар Ванев, М-Нет