
По две одиграни кола во Втората лига само Шкендија Арачиново има максимални шест бодови на своето конто и се наоѓа на првото место на табелата.
Тимот кој го води Љупчо Марковски – Калц има пет постигнати погодоци и еден примен.
По четири бодови имаат Брегалница, Кожуф, Осогово и Беласица, додека пак по три освоени бодови имаат екипите на Детонит Плачковица, Слога Виница, Тетекс, Скопје, Новаци и Вардар Неготино.
Два бодови има Каменица Саса, а по еден бод имаат Охрид и Победа, додека пак без бодови се Преспа и Големо Коњари.
По две одиграни кола само Преспа од Ресен нема постигнато гол, а пак Големо Коњари прими најмногу вкупно девет. Екипите на Брегалница и Кожуф засега се единствени без примен гол.
Следниот викенд на програмата ќе бидат натпреварите од 3. коло.
Александар Ванев, М-Нет