Ракометната Суперлига носи неизвесна сезона за титулата, викендот започнува новата сезона со натпреварите од првото коло!

ФОТО: Александар Ванев

Новата сезона во Суперлигата носи повеќе од неизвесна трка за титулата, четири екипи влегуваат во рамноправна трка за титулата и за местата кои водат во Европа.

Еурофарм Пелистер е бранител на титулата, а пак Вардар и Алкалоид сакаат шампионска титула, додека пак Охрид направи сериозен тим и ќе се наметне во трката за титулата.

Трката за место во плеј-офот исто така ќе биде неизвесна, а ќе гледаме тешка и голема борба и за директен опстанок, па слободно можеме да кажеме дека сезоната 2025/2026 ќе биде еден од најквалитетни во македонскиот ракомет.

Шампионот Еурофарм Пелистер одбраната на титулата ја започнува со гостување кај Бутел во Скопје, а првото коло го носи и дербито во Автокоманда меѓу Алкалоид и Охрид, меч кој ќе биде одлична најава на новата сезона, но и тест за квалитетот на двете екипи.

Куманово на домашен терен сезоната ја отвара против Радовиш, во меч каде домашниот тим ќе биде фаворит за триумф, а пак Пролет и Тиквеш ќе се судрат во неизвесен натпревар на две екипи кои ќе претендираат за влез во плеј-офот.

Во рамки на првото коло Вардар ќе гостува во Струга како голем фаворит.

Последната екипа директно испаѓање во Првата лига, а пак претпоследната игра бараж за опстанок со вториот тим од Првата лига, но тоа што е сигурно е дека и баражот во оваа сезона ќе биде неизвесен и тежок, бидејќи има силни и квалитетни прволигаши кои сакаат влез во Суперлигата, а за што значително се засилени.

Александар Ванев, М-Нет