Шкендија Арачиново домаќин на БВК Коњаре, Куманово против Аеродром

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија | АРХИВА

Утре започнува пролетната полусезона во Трета лига – Север со натпреварите од 14. коло или првата пролетна рунда.

Лидерот Шкендија Арачиново кој во пролетиот дел според квалитетот на ростерот лесно ќе го потврди првото место и ќе игра во баражот за можен влез во Втора лига.

Пролетиот дел лидерот го отвара дома против БВК Коњаре во меч каде Шкендија Арачиново ќе биде голем фаворит.

Кадино на домашен терен ќе игра против Академија Илинден во израмнет меч за трите бодови, Башкими Љуботен на свој терен ќе се соочи со екипата на Форуна, Риниа ќе се соочи со Беса Влазерими.

Поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ ќе игра против новајлијта Ржаничино, Пчиња и Њу Старс играат дерби од дното, а Куманово ќе се соочи со Аеродром.

Шкендија Арачиново како лидер на табелата има предност од осум бодови во однос на Фортуна која е втора.

Александар Ванев, М-Нет